Талат Џафери во посета на Украина

Претседателот на Собранието Талат Џафери е во посета на Украина на покана на украинскиот претседател на Собранието Руслан Стефанчук, каде што допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, информираат од кабинетот на Џафери.

Претседателот Џафери ги посетил градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се разурнати од воените дејствија, по што заедно со другите претседатели на Парламенти дадоа заеднички изјава.

„На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде. Секако, лично ќе се залагам овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго.“

 

Радио Слободна Европа