Американскиот помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денеска ќе престојува во Скопје каде што ќе се сретне со претставници на владата за да ја сигнализира, како што наведе Стејт департментот, американската силна поддршка за пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ. Таа ќе ја повика најновата членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања и за промовирање на демократијата и регионалната стабилност. Потоа Донфрид ќе отпатува за Албанија на одбележување на 100 годишнината од американско-албанските дипломатски односи.
Радио Слободна Европа