Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, а за кои доколку се согласи наеднаш може да падне владата. Ковачевски молчи за изјавата на Петков дека во Македонија има влада која ќе ги прифати бугарските барања, но дека против бугарските интереси е тие наеднаш да се реализираат, зошто така ќе падне таа влада, па наместо тоа истите тие барања сака да ги стави во рамката за преговори за влез во ЕУ. Ковачевски молчи исто како што молчеше и за отворањето на клубот Ванчо Михајлов, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Ковачевски наместо да молчи треба да побара заштита за македонскиот јазик, идентитет и историја.
Ковачевски треба да се грижи за македонските интереси, и заштита и на правата на Македонците во Бугарија, чии здруженија имаат добиено бројни пресуди во ЕСЧП во Стразбур, а кои Бугарија не ги почитува.
Наместо да работи во интерес на Македонија, Ковачевски молчи, и чека проблемите да се решат сами од себе.