Првото затемнување на Сонцето оваа година ќе се случи на 30 април во 18:45 часот, според Координираното универзално време (UTC), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Форбс“ (Forbes), делумното затемнување на Сонцето ќе достигне максимално затемнување од 54 проценти во 20:41 часот според Универзалното време.
Првото затемнување на Сонцето во 2022 година, кое ќе биде видливо на Антарктикот и во Јужна Америка, ќе трае околу четири часа.
За време на делумното затемнување на Сонцето, кое главно ќе може да се види на западниот брег на Чиле, на зајдисонце ќе се формира реткиот случај на „Сонце со рогови“.
По делумното затемнување на Сонцето, на 16 мај ќе има целосно затемнување на Месечината, познато и како „Крвава месечина“.
Следното делумно затемнување на Сонцето ќе се случи на 25 октомври.
извор: Агенција Анадолија (АА).