Светската здравствена организација (СЗО) објави дека се откриени 151 случај на салмонела поврзани со консумирање на киндер-производите во најмалку 11 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организацијата наведува дека бактерија со иста генетска структура како салмонела која го инфицира човековото тело била пронајдена во некои резервоари кои содржат суровини во фабриката на „киндер“ во Арлон, Белгија, за време на инспекциите во декември 2021 и јануари оваа година.
Забележано е дека неопходните хигиенски мерки биле преземени во фабриката и тестот за салмонела на производите бил негативен, а киндер-производите произведени во фабриката во Арлон биле испорачани кон Европа и остатокот од светот.
Од 25 април, 151 случај на салмонела за кои постојат сомненија дека се поврзани со киндер-производите биле откриени низ светот, а 65 од овие се забележани во Велика Британија, 26 во Белгија, 25 во Франција, 10 во Германија, 15 во Ирска, 4 во Шведска и 2 во Холандија.
По еден случај е пријавен во Луксембург, Норвешка, Шпанија и САД.
Објавено е дека 89 проценти од случаите биле помеѓу деца под возраст од 10 години, а тешки симптоми како повраќање, гадење и дијареја проследена со крв биле забележани во 21 случај.
Забележано е дека нема смртен случај од инфекцијата со салмонела.
извор: Агенција Анадолија (АА).