Турција обнови две историски цркви уништени од терористите на ПКК

0
426
Merkez Sur ilçesinde PKK'lı teröristlerin 2015'teki saldırılarında zarar gören Surp Giragos Ermeni (fotoğrafta) ve Mar Petyun Keldani kiliseleri Çevre, Şehircilik ve İklim Değişikliği Bakanlığınca sağlanan kaynakla restore edildi. ( Ahmet Kaplan - Anadolu Ajansı )

Заврши реставрацијата на двете историски цркви во југоисточна Турција, што беа уништени од терористичката организација ПКК во 2015 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според официјалните податоци, речиси 32 милиони турски лири (2,15 милиони долари) се потрошени за реставрација на ерменската црква Сурп Гирагос и на халдејската црква Мар Петјун во турската област Дијарбакир.

Турското Министерство за животна средина, урбанизам и климатски промени ги обезбеди средствата за реставрацијата што започна во 2019 година.

Двете цркви, изградени во периодот на Османлиското Царство, повторно ќе ги отворат вратите за богослужба на 7 мај.

Во изјава за Агенција Анадолија, Ергун Ајик, раководител на Фондацијата на ерменската црква Сурп Гирагос, рече дека реставрацијата е во согласност со оригиналниот изглед.

Наместо цемент, „се користеа малтер и базалтен камен од регионот и сè беше направено совршено“, рече Ајик, додавајќи дека му е драго што црквите наскоро ќе се отворат.

Изградена во 16 век, Сурп Гирагос е најголемата ерменска црква на Блискиот Исток што се простира на површина од 3.000 квадратни метри.

Калдејската црква Мар Петјун била изградена во 17 век, а ја користела локалната калдејска заедница.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.

извор: Агенција Анадолија (АА).