Дванаесет жени загинаа во нелегален рудник за злато на индонезискиот остров Суматра

0
364

Дванаесет жени ги загубија животите по лизгањето на земјиштето што се случи во нелегален рудник за злато на островот Суматра во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шефот на полицијата, Марлон Раџагугук, соопшти дека настанало лизгање на земјиштето во нелегален рудник за злато каде што работат 14 жени, во регионот Мандаилинг Натал во Суматра.

Раџагугук истакна дека како резултат на напорите за пребарување и спасување кои траеле два часа, биле пронајдени мртвите тела на 12-те жени.

Истакнувајќи дека се повредени 2 жени, Раџагугук додаде дека нелегалниот рудник е затворен.

Илјадници луѓе во Индонезија се принудени да работат во нелегални рудници за да заработат за живот, и покрај работните услови кои ризикуваат сериозни повреди, па дури и смрт.

Оние кои работат во нелегалните рудници ги ризикуваат своите животи поради лизгање на земјиштето, поплави, цијанид, жива и несоодветна заштита.

Во 2019 година, повеќе од 40 рудари загинаа кога импровизирана дрвена конструкција се урна во нелегален рудник за злато во државата Северно Сулавеси.

извор: Агенција Анадолија (АА).