Ракометната сезона во Суперлигата ја доживеја својата кулминација, вечерва со дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Гостинот од Скопје победи со 23-26 во „Боро Чурлевски“, а со тоа ја најави новата титула во првенството на Македонија, објави gol.mk.
Сепак, големо дерби од овој калибар, на кое на трибините се наоѓаат две навивачки групи, не може да мине без проблеми. Покрај „Чкембарите“ кои беа во голем број, во Битола допатува и група од стотина „Комити“. Според протокоите, скопските фанови подоцна влегоа на трибината, а неколку минути пред крајот беа спроведени кон своите автобуси.
Токму во моментите кога „Комити“ ја напуштаа трибината, дојде до судир со полицијата и редарите, беа разменети удари, а фановите успеаја да запалат и пиротехнички средства. Иако мечот беше кратко прекинат, ситуацијата бргу беше смирена и навивачите на Вардар беа испратени надвор од салата.
извор и фото: gol.mk.