Бугарија доби над 148 милиони евра од ЕУ за украинските бегалци

0
285

Бугарија доби повеќе од 148 милиони евра како поддршка за украинските бегалци кои се сместени во земјата преку Алатката за помош на бегалците за интеграција (CARE) на Европската комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на Бугарската национална новинска агенција (БТА), Бугарија добила 148.360.870 евра од фондот на Европската комисија за сместување на украинските бегалци и нивна интеграција во општеството.

Парите ќе бидат наменети за храна, сместување, здравство, образование, вработување и други потреби на Украинците во земјата.

Според официјалните податоци, во Бугарија има околу 96.000 украински бегалци, меѓу кои 35.000 деца.

Бугарската Влада обезбедува по 20 евра дневно по лице на сопствениците на хотели што ги примаат украинските бегалци (52.000).

Владата плаќа и еднократна помош од 192 евра на секој бегалец.

Европската комисија исплати 562 милиони евра на Полска, 283 милиони евра на Чешка, 434 милиони евра на Шпанија, 299 милиони евра на Унгарија, 450 милиони евра на Романија и 209 милиони евра на Словачка.

извор: Агенција Анадолија (АА).

​​​​​​​