Србија ги укинува ковид-мерките за влез во земјата

Од 3 мај престануваат да важат досегашните правила за влез во Србија, поврзани со заразата со коронавирус, како за домашни, така и за странци.

Тоа значи дека за влез во земјата веќе не е задолжително поседување негативен ПЦР или антигенски тест, сертификат за прележаност или сертификат за примени вакцини. Ова важи за сите земји.

Во соседна Србија на сила останува препораката за носење маски во затворени простори, а задолжително во здравствени установи.