Папата бара аудиенција кај Путин, Москва молчи

Папата Франциско со предупредување до рускиот патријарх Кирил поради неговата поддршка на војната во Украина – да не презема улога на ѓаче на Путин.

Папата Франциско е подготвен да отпатува во Москва и бара средба со рускиот претседател, со цел да го убеди да ја заврши војната во Украина. Намерата му ја соопштил на Владимир Путин уште на средината на март, но досега од Кремљ нема одговор, изјавил папата за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ во денеска објавеното интервју. Франциско и натаму инсистира на средба, но како што вели: „стравувам дека за Путин во моментов средбата ниту е можна, ниту ја сака”.

Посета на Киев  засега не е во план. „Чувствувам дека не треба да одам. Морам прво да отидам во Москва, морам прво да го сретнам Путин“, вели Фрациско во интервјуто, додавајќи – фактички, тој е само свештеник кој го прави она што може едно свештено лице – „само ако Путин би ја отворил вратата.“

На прашањето дали рускиот патријарх Кирил може да повлијае кај Путин за отворање на вратата, папата само одмавнал со глава – во март 40 минути зборувал со поглаварот на  Руската православна црква  преку видео врска. Во првите 20 минути Кирил со хартија пред себе му ги објаснил причините за војната.

Повеќе на линкот Дојче Веле