При судар на два автобуси во Прилеп повредени 20 работници

0
238

Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Како што јавува МИА, повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во болницата во Прилеп.

Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината.

Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.

Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.

 

Радио Слободна Европа