Македонија бара нoв заем од 900 милиони евра, за што ќе се трошат? Дали долговите ќе донесат нови даноци и помали плати?

Ерата на евтини кредити заврши, па поскапата еврообврзница, владата ќе ја замени со позајмица од Меѓународниот монетарен фонд. Но меѓународната организација има построги правила и парите што ќе ги даде не ќе може да се трошат, на пример за плати и пензии, објави slobodnaevropa.mk.

Новото задолжување, ќе значи дека граѓаните ќе треба да одвојуваат уште некој денар плус за да враќаат долгови и за да отплаќаат камати. А државата ќе мора да крати на расходи или да ги зголеми приходите. Доколку се одлучи да намали на трошењето, може да крати пензии, плати во јавна администрација, пари за социјални трансфери, да крати на државни трошоци. Тоа не би било поволната опција во услови на економска криза, вели Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања. Доколку, пак, се одлучи за опцијата да ги зголеми приходите, тоа може да го направи преку враќањето на прогресивниот данок, односно даночење на богатите и големите компании, вели Јовановиќ.

Задолжувањето е неминовно, вели Јовановиќ, но многу е битно за што ќе се трошат тие пари. Сепак, вели тој, делува премногу задолжувањето од 900 милиони евра. Ако зајмените пари се трошат на нешто што е непродуктивно, тогаш може да се направи уште поголема штета, отколку корист.

„Ако ги потрошите парите на нешто што е општествено корисно, тогаш заемот може да излезе и позитивен, затоа што парите ќе се вратат во иднина и ќе дадат придонес поголем од парите што одат за каматата што ја плаќате, така што едно од клучното прашање е како ќе се потрошат парите и мора да се инсистира парите да се потрошат за она што е потребно во државата. Видовме во изминатите 30 години, но особено во изминатите две со пандемијата, дека кога државата се задолжува многу, обично тие пари завршуваа во џебовите на богатите и големите фирми. Видовме дека најголем дел од помошта за време на пандемијата ја земаа најпрофитабилните фирми, како приватни болници, кладилници, компании блиски до бивши политичари добија државна помош, а многу од работниците коишто требаше да добијат помош од државата не ги добија парите затоа што нивните газди ги задржаа за себе“, вели Јовановиќ.
Тој вели дека со години на глобалните финансиски пазари имало пари, па државите можеле да се задолжат со еврообврзници со ниски камати.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.