Пропадна асфалтот кај автобуската постојка кај „Тифани“

Јавносто претпријатие „Улици и патишта“ информира дека на булеварот ВМРО на автобуската постојка кај „Тифани“ пропаднал коловозот.

Екипите на „Водовод и канализација“ и на „Улици и патишта“ се на терен со мерни возила и ги утврдуваат причините за оштетувањето на коловозот, како и можните проблеми со водноводната мрежа и ќе инервенираат според потребите за да го вратат коловозот во првобитната состојба, се наведува во соопштението.