КСС на конгрес избира новото раководство – единствен кандидат за претседател е досегашниот Ралповски

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски.

-Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме и работниците се повеќе веруваат во синдикатот – изјави Ралповски пред почетокот на 5. Конгрес.

Она што останува предизвик за новото раководство на синдикатот ќе биде обештетувањето на синдикалниот имот, борбата за почитување на законите и колективните договори и решавање на судските спорови за работни односи во разумен рок.

Претседателот на КСС се избира на конгрес и има мандат од пет години со можност за повторен избор.