Каевски: Преку 70 закони блокира ВМРО-ДПМНЕ, тоа е неразумно и неодговорно пред граѓаните

-Зарем Законот за наставници и стручни соработници со којшто 4.700 работници чекаат да се трансформираат од определено на неопределено време не е клучен за граѓаните, служба во армијата не е кличен за граѓаните, Клинички центар којшто е 500 милиони евра вреден проект за подобри услови во здравството не е клучен за граѓаните така да тие празни флоскули којшто ги слушаме од опозицијата се со цел како што кажав и претходно да се добие некој ситен политички поен, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМодговарајќинановинарскопрашање и додаде:

-Граѓаните знаат и препознават дека законите којшто се во Собранието којшто беа и донесени но којшто се и закочени и блокирани од страна на опозицијата се важну и треба час поскоро да се донесат. Преку 70 закони се блокирани и закочени во Собранието преку долги процедурални излагања на пратениците од опозицијата.
Верувам, повторно ќе потенцирам дека час поскоро ќе надвладее разумот и дека во вакви услови кога се соочуваме со голем број на кризи дека ќе се донесат овие закони.

https://www.youtube.com/watch?v=AfZ1a-sZDl4&feature=emb_title