Пожар во „пензионерската“ зграда во Битола, едно лице загина

Утрово избил пожар во стан во висококатница во близина на црквата Св.Богордица во Битола.

Како што пренесува Тера, на терен интервенирале екипи на противпожарната единица, а според информациите добиени од нив, има и жртва во пожарот.

Пожарот бил пријавен утрово и во Битолската полиција.

извор и фото: ТВ 21