Возач на автобус во дистриктот Инеѓол, во турската област Бурса, ја променил рутата за да може патничката, на која ѝ се слошило, да ја префрли во болница, известува Агенција Анадолија (АА).
На патничката Мерал Ј. (38), која патувала на релацијата Аланјурт – Инеѓол, одеднаш ѝ се слошило.
Возачот на автобусот Нијази Атеш го приметил тоа и ја променил рутата, со цел патничката да ја префрли во болница во Инеѓол.
На Мерал Ј. ѝ е укажана лекарска помош и нејзината здравствена состојба е добра.
Градоначалникот на Инеѓол, Алпер Табан, му честитал на возачот на автобусот за направениот гест.
„Секоја чест. Му честитам на Нијази Атеш кој ја смени рутата на возење за да ѝ помогне на патничката на која ѝ се слошило и ја префрлил во болница“, изјави Табан.
извор: Агенција Анадолија (АА).