Хашим Тачи и други водачи на ОВК на суд во Хаг

Четворицата водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, денеска ќе бидат изведени пред Трибуналот за злосторства на ОВК во Хаг за да се изјаснат за новите наводи во проширеното обвинение кое ги товари за злосторства против Албанците, Србите и Ромите на Косово и Албанија во 1998-1999 година. Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи посебно ќе бидат изведени пред судијата по претходна постапка Николас Гију, се наведува на веб-страницата на судот. Обвинението, кое сè уште има 10 точки, е проширено за наводи за злосторства на ОВК во селата Будаково, Семетиште, Сува Река и Гњилане. Според правилата на судот, Тачи и неговите сообвинети ќе можат на покана на судијата Гију да се изјаснат за виновни за новите наводи во обвинителниот акт, но немаат обврска да го сторат тоа. Тие имаат право да го одложат изјаснувањето за 30 дена.

 

Радио Слободна Европа