Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираат и бојкотираат Собранието, кои не работат ништо, не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се 40.000 евра народни пари за еден месец само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа само за основните плати. Дополнително, пари од граѓаните добиваат и за дневници, за патни трошоци, за службени телефони. Кога се одлучиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нека бараат плати за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.
МИА