За прв пат од 2018 година,. откако САД воведоа построги санкции кон Иран, ирански танкер со нафта се наоѓа во Јадранското Море, во близина на островот Крк. Иако ЕУ нема воведено ембарго на иранската нафта, тоа е непожелно поради американските санкции, а секој што ќе се осмели да тргува, транспортира или истовари, како и да плати банки, ризикува казни и проблеми на американскиот пазар, како и штета на угледот. Кога Американците открија што превезуваат „ARC1“, танкерот наеднаш стана „жешка роба“ што никој не сака да ја прифати и веќе една недела плови горе-долу по Јадранот, со неизвесна судбина.
vecernji.hr