Антикорупциска комисија ќе истражува дали поранешниот директор на Фондот за иновации и доскорешен потпретседател на СДСМ Коста Петров, прекршувајќи ги прописите и доделил речиси шест милиони денари на издавачката куќа Три, за кофинансирање на проект за едукација, објави Канал 5.
Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска за Канал 5 вели дека предметот го отвора по анонимна пријава и додава дека допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров, и пред и после неговата функција во власта.
Текстот во целост на: Канал 5.