Пукотница пред болницата во Тетово, две лица се повредени

0
109

Припадници на полицијата ја опколиле болницата во Тетово, јавуваат локалните медиуми.

Локалните медиуми јавуваат дека пред неколку моменти во вооружена пресметка биле повредени две лица. Нападот се случил во Одделението за итна помош.

Во дворот на болницата се гледаат полицајци вооружени со автомати, јавува Алмакос.

Како што дознаваме, едното повредено лице предмалку е префрлено на скопските клиники.