Утрово експлозија во хемиска фабрика во Словенија, има повредени

0
195

Утрово одекна експлозија во хемиската фабрика Меламин во Словенија, при што 10 лица се повредени.

Словенечката полиција добила пријава за експлозијата околу 08.35 часот, а засега не е познато што гори, па полицијата ги повика жителите да ги затворат прозорците и да не се приближуваат до местото на пожарот.

– Ги советуваме сите жители во околината да ги затворат прозорците и да не се движат на отворено за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на настанот – изјавија од полицијата.