На повидок е нов скандал на владата на СДСМ и ДУИ тежок до 30 милиони евра. Владата ги злоупотребува институциите за профит на блиски луѓе до врвот на СДСМ и ДУИ. Постојат сериозни сомнежи дека преку фиктивни фактури се правеле цесии со Управата за јавни приходи каде што директорува Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ , на фирми кои што се должници и фирми кои што се побарувачи на данок на додадена вредност, односно преку фиктивни фирми побарувачи и фиктивни фактури од УЈП се испумпани до 30 милиони евра државни пари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава:
СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат парите на граѓаните. Ова е начинот на кој СДСМ и ДУИ функционираат изминатите пет години.
Наместо парите на граѓаните да се трошат на проекти за подобар и поквалитетен живот, завршуваат во џебовите на блиски поединци до власта.
Со СДСМ и ДУИ на власт, Македонија тоне на секое поле.
СДСМ и ДУИ ја донесоа државата пред целосен колапс.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон активна блокада и барање за предвремени парламентарни избори за спас од национална катастрофа предизвикана од Владата на СДСМ и ДУИ .
фото: unsplash.com