Астрономите, кои учествуваа во заедничко меѓународно истражување, успеаја да ја направат првата фотографија од огромна црна дупка во средиштето на галаксијата Млечен Пат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународниот конзорциум кој управува со телескопот „Event Horizon“, кој се состои од осум синхронизирани радиотелескопи низ светот, за првпат сподели колоритна фотографија од супермасивната црна дупка во средиштето на Млечниот Пат.
Професорот по астрофизика, Ферјал Озел од Универзитетот во Аризона, црната дупка оддалечена 27.000 светлосни години од Земјата ја опиша како „нежниот џин во центарот на галаксијата“.
Проф. Озел истакна дека црната дупка на Млечниот Пат која се наоѓа близу границата на соѕвездијата Стрелец и Шкорпија, именувана е „Стрелец А“, и според својата големина е четири милиони пати поголема од Сонцето.
Астрономите со телескопот „Event Horizon“ во 2019 година снимија црна дупка во една галаксија која е оддалечена 53 милиони светлосни години од планетата Земја.
Астрономите веруваат дека во средиштето на речиси секоја галаксија, вклучувајќи го и Млечниот Пат, се наоѓаат овие џиновски црни дупки, од кои светлината и материјата не можат да избегаат.
извор: Агенција Анадолија (АА).