Ковачевски за скандалозната снимка со Џафери: Неможам да коментирам, не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара

Премиерот Димитар Ковачевски ја слушнал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери, но вели дека не може да ја коментира.

-Таа снима ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува, кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.