Од петмината загинати во силната експлозија во фабриката во Словенија, еден е македонски државјанин

Од петмината загинати во силната експлозија во фабриката за хемиски производи Меламин во центарот на Кочевје, Словенија, двајца се државјани на БиХ, а еден е македонски државјанин, објавиле словенечките медиуми.

-Загинатите се уште не се идентификувани, соопштила полициската управа на Љубљана.

Од двајцата тешко повредени, кои се наоѓаат во Клиничкиот центар во Љубљана, еден е во многу лоша состојба, додаваат словенечките медиуми.

извор: Локално