Тројца македонски државјани со помош на пумпа, украле околу 152 литри дизел гориво од камион во Словенија

Тројца македонски државјани пред неколку дена со помош на пумпа, украле околу 152 литри дизел гориво од камион кај местото Бивје, Словенија, пишува словенечка „Primorske novice“.

Според порталот, сведок на кражбата веднаш повикал полиција по што двајца веднаш биле приведени, додека еден успеал да се сокрие во блиска кафеана, но и тој бил уапсен после помалку од половина час.

Полицијата потврдила дека станува збор за тројца државјани на Северна Македонија кои живеат во Словенија, двајца на подрачјето на Истра и еден од месноста Горишка.

-На местото на настанот пристигнале со два автомобила, со коперски и горички регистарски ознаки, а во еден од нив полицијата пронашла и докази за нивните постапки. Во автомобилот веќе биле наполнети четири туби од 25 литри, една цела од 35 литри, а една од 35 литри успеале да наполнат само половина до доаѓањето на полицијата. Во сите имало дизел. Со оглед на тоа што живеат во Словенија и имаат регулиран статус, полицијата по консултација со обвинителството ќе постапи согласно законите, пишува словенечкиот медиум.

извор: Локално

фото: press24.mk