Трите лавчиња ја примија првата вакцина

0
336

Една од превентивните мерки во ветеринарната заштита на здравјето на животните е вакцинацијата. Лавчињата ги вакциниравме против три вирусни болести: панлеукопенија, вирусен ринотрахеит и калцивирус. Првите денови по вакцинацијата стекнуваат имунитет против овие болести, па пожелно е да се затворени. Согласно протоколот за вакцинација во првата недела од јуни следува ревакцинација за истите болести, кога ќе примат и вакцина за беснило. Тогаш ќе бидат и поголеми и посетителите ќе можат да ги видат.

извор и фото: Зоолошка градина Скопје