Финска и официјално потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО.. Земјата, која со децении оддржуваше политика на неутрталност и одбиваше да се приклучи на алијасната, нагло го промени ставот откако пред 2.5 месеци, Русија ја нападна Украина…На потег сега е финскиот парламент, кој треба да го одобри барањето..
Како Финска, така и Шведската влада најави дека во следните денови ќе поднесе барање за приклучување кон алијансата…Но на аспирациите на двете земји, засега се противи Турција. Анкара забалежува на поддршката која Шведска ја дава на сирискиот огранок на Курдската работничка партија .
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган неодамна изјави дека не е распоиложен за проширување со Шведска и Финска, нарекувајќи ги двете земји, „гостинска куќа за терористички организации“ .