Сообраќајна несреќа во Австрија, повредени околу 20 патници од Косово

0
368

Дваесетина патници се повредени во сообраќајната несреќа која рано утрово се случила на автопатот кај градот Еугендорф во Австрија.

Во моментов знаеме за тројца тешко и 16 полесно повредени, изјави портпаролката на австрискиот Црвен крст Роберта Танер.

Несреќата се случила околу три часот по полноќ меѓу излезот од автопатот Салцбург Север и Валерце во правец на Виена.

фото:

Kronen Zeitung