Помор на риби во Кумановско – вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина и денеска го продолжува вонредниот инспекциски надзор на две локации во кумановскиот регион, информираа денеска надлежните. Надзорот како и вчера се однесува на пријавениот помор на риби на река Кумановка влив со река Пчиња под „Искрин Мост, како и во Општина Старо Нагоричане на река Пчиња кај село Драгоманце.

– Вчера, Државниот инспекторат за животна средина по дојава од рибари за помор на риби направи инспекциски надзор. Притоа на самото место е констатирано дека има помор на одредена количини на риби. Истовремено, направи инспекциски надзор на пречистителната станица за третман на отпадни води во Доброшане при што во увидот констатира дека истата е во функција. Денеска, државниот инспекторат повторно ќе ја посети фабриката за третман на отпадни води, притоа ќе побара да се достават мерења и елаборат за заштита на животна средина да го видиме, изјави директорот на Државниот Инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Рибарите велат дека секоја година има помор на риби на оваа локација, по неколкупати во текот на годината. Според нивните кажувања, извршени се анализи кои не покажале присуство на тешки метали.

извор: Сител

фото: Сител