Архиепископот Стефан ѝ се заблагодари на СПЦ што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија

0
318

Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање на денешната заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ во храмот „Свети Сава“ во Белград, ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај, кога ја отстрани „повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.“

„Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви“, истакна во својот говор архиепископот Стефан.

 

Радио Слободна Европа