Николоски: Сенародниот протест на 18 јуни ќе биде еден од најмасовните до сега затоа што македонските граѓани сакаат промени, тоа го покажуваат и анкетите

ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите можнистите и механизмите на делување кои и стојат на располагање на опозицијата, како што се блокадите во Собранието, излегувањето на улица и протестите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во интервју за електронскиот медиум, односно портал Макфакс, Николоски истакна дека активностите кои што партијата ги презема како активната блокада во македонското Собрание и следниот чекор, најавениот сенароден протест на 18 јуни се само след на активности после долгиот периот во кој власта не сака да комуницира со опозицијата за суштински важни теми за Македонија.

„Она што ние го правиме сега е след на активности кои што следуваат после еден сериозен временски период во кој што ние очекувавме дека власта на СДСМ и ДУИ ќе се обиде да разговара со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.

Николоски вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот нема да блокираат законите кои што се од интерес на граѓаните, туку само тоа што е во интерeс на политичката елита на власт и во однос на најавениот протест, рече дека тој ќе биде еден од најмасовните на кој што македонските граѓани ќе кажат дека сакаат промени во државата.

„Тоа што ние го правиме е активна блокада на Собранието, во кое не блокираме се туку тоа што сметаме дека не е во интерес на граѓаните и следен чекор е голем сенароден протест на 18 јуни, на кој што, не сакам да лицитирам со бројки, но голем број на народ ќе излезе и ќе каже дека сака промени во државата. Мислам дека ова ќе биде најголемиот протест, затоа што тоа го покажуваат анкетите на кои се покажува дека граѓаните сакаат промени“, рече Николоски.

Николоски смета дека на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори со кои ќе дојде и до промена на власта која ќе биде одраз на расположението на македонските граѓани кое е анти владино и про опозиционо ориентирано.

Тој додаде дека изборите требаше да се случат уште веднаш после локалните избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија издвојува како што до сега не направила партија во опозиција и за кој и поранешниот претседател на СДСМ и премиер, Зоран Заев локалните избори ги поврза со нивното владеење и наместо да има предвремени избори формираа скоро иста влада, само со нов премиер.

Николоски напомена дека прв пат опозиција издвојува таква голема победа на кокални избори, до сега локалните избори секогаш ги победувала власта, прв пат на овие избори се прекрши тоа правило што нас ни дава дополнителен мотив.

„Проблемот е дека минатата година на локалните избори, тогашниот претседател на СДСМ и премиер велеше дека тие избори се огледало на неговото владеење како премиер на Влада, и доколку изгуби, не рече деоколку ги изгуби сите избору туку рече дека доколку изгуби во Скопје ќе поднесе оставка. Сега кога ќе ги постави така работите првиот човек на владата. Наместо да одиме на предвремени парламентарни избори, со кои би се затворила таа политичка ситуација имавме, за жал, киднапирање на пратеник, а после тоа формирање на нова Влада, која што во суштина е истата затоа што се истите министри, со мали промени и само нов премиер“, рече Николоски.

Николоски посочи дека уште во месец април претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара средба со премиерот Ковачевски на кој ќе се разговараше не само за предвремени парламентарни избори и за четирите тима од четирите области од суштинска важност за граѓаните, како што се евроинтеграциите, образованието, здравството, економската криза и наместо од власта да ги прошират предлогот и да го надополнат со други битни области, тие дрско го одбија.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ