Во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случи на патот Прхово-Шимановци животот го загуби Мирјана Стојановиќ (34 г.), мис на фотогеничност и финалистка на изборот за Мис на Србија во 2007 година.
Автомобилот марка „голф“ кој го управувала се судрил со камион, а од здобиените повреди таа загинала на лице место.
Во последните години Стојановиќ се повлече од јавниот живот и целосно се посвети на приватниот бизнис, во салонот за убавина кој го поседуваше.
фото: Printskrin: Instagram/ mirjana_estetik_studio