САД: Снежна бура во доцна пролет во Колорадо

0
360

Поради снежна бура во американската сојузна држава Колорадо во доцна пролет, околу 210.000 семејства останаа без електрична енергија, известува Агенција Анадолија (АА).

Влажниот снег ги оптовари гранките на дрвјата кои паднаа врз далноводите, известува телевизиската станица КУСА. Многу повеќе снег падна во планинските предели на Колорадо.

До саботата вечерта околу 160.000 домаќинства добија струја, а околу 50.000 сѐ уште се без електрична енергија.

извор: Агенција Анадолија (АА).

Фото: Илустрација Агенција Анадолија (АА).