Арсовски до Каевски: Катица Јанева испадна дека е врхунски криминалец наместо во затвор, таа си пазари по маркети

Жестока дебата меѓу портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. По меѓусебните партиски обвинувања, Арсовски го праша Каевски дали знаат каде е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

-Сакате да ви кажам? Еве ако не сте виделе на социјалните мрежи да ви кажам, Катица Јанева, госпоѓа една која што испадна дека е врхунски криминалец, да се изразам со жаргон кој што луѓето надвор на улица го коментираат, госпоѓава наместо да ја одлежи својата казна во затвор, таа си пазари по маркети и си шета најнормално. Сакате да ми кажете дека тоа е доверба во судството?, истакна Арсовски.

фото: PRTSC ТВ21