Сликата на Мона Лиза била цел на напад извршен од еден од посетителите на музејот Лувр оваа недела. Според видеата објавени на социјалните мрежи, напаѓачот фрлил торта кон стаклото што го штити платното.
Напаѓачот, чиј идентитет се уште не е објавен, веднаш бил протеран од обезбедувањето. Поради заштитата што ја обезбедува стаклото, сликата не претрпела никакви оштетувања.
На објавените снимки, може да се види како вработените во парискиот музеј веднаш пристапиле кон чистење на стаклото кое ја штити сликата.
фото: