DW: Владата има рок до полноќ да спречи драматичен раст на цените на горивата

Истекува времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то. Од полноќ, доколку не се продолжи ваквата мерка, цените на дериватите би можеле драматично да скокнат. Владата денеска ќе одржи седница, но неизвесно е дали ова ќе биде една од точките за коишто ќе расправаат министрите. Опозицијата предлага законски измени со кои прехранбените производи би се ослободиле од ДДВ, а ДДВ за течните горива да биде 5 отсто до крајот на годината, објави DW.

Собранието во март го усвои дополнувањето на Законот за акцизите, со кое се предложи да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

Станува збор за само една од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, коишто беа донесени во март годинава. Владата одлучи да ги намали горивата, акцизите и ДДВ-то. Цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесуваше во март, тогаш се намали за 10,5 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари се намали околу 11,5 денари.

Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегоа од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

Текстот во целост на: DW.