ОН повикаа на отворање на трговските патишта и пристаништата во Црното Море

Отстранувањето на бариерите за трговските патишта во Црното Море треба да биде приоритет, изјави координаторот за криза на Обединетите нации (ОН) во Украина, Амин Авад, истакнувајќи дека ситуацијата во Црното Море ја загрозува глобалната безбедност на храната и дека 1,7 милијарди луѓе во светот се соочуваат со ризик од сиромаштија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Авад од Украина преку видеоконференција говореше на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на ОН во Женева.

Потсетувајќи дека поминаа 100 дена од војната на Русија во Украина, која започна по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин, Авад рече: „Инвазијата на Украина, која Русија ја започна на 24 февруари, е јасно кршење на Конвенциите на ОН.“

Нагласувајќи дека во Украина има уништување и страдање веќе 100 дена, Авад рече дека се бомбардираат цивилите, болниците, училиштата и куќите и дека се влошени условите за живот на милиони луѓе.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).