Македонците во Албанија во село Горно Крчиште обласата Полени го одбележа патронот на црквата “Свети Спас”

0
354

Македонците од Горно Крчишта, областа Полени традиционално го оддбележaa христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден,  патрон на селската црква.

Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци иселени од ова село, како и нивни потомци одбележувањето кое се одржа во црквата “Свeти Спас”, беше денеска.

На одбележувањето  се одржа и богослужба на македонски јазик каде присуствуваа Македонци од Ербеле и Крчишта и Македонци со потекло од овие села а кои се исселени во различни градови на Албанија и Македонија. Богослужба македонски јазик одржа свештеникот Ристо Камбуроски по потекло од Крчишта.

Црквата е изградена во 1232 година и  е споменик на културата. За време на режимот на Енвер Хоџа била претворена во магацин. На 13 јуни 2009 година црквата “Свети Спас”, е преосветена а одредени неопходни градежни активности се реализирани со помош на Македонците од Крчишта посебно на Левко Радевски, по потекло од Крчишта а живееше во Дебар, како и фамилијата Богдановски. Селата Крчишта и Ербеле се македонски села кои се наоѓаат во областа Поле, оддалечени 10 километри од Дебар.

 

vesnikk-ilinden.com