Големи пожари на албанскиот остров Сазан, постои опасност од експлозии на муниција

0
272

Пожари  со часови беснеат на албанскиот остров Сазан,  поранешна воен база, каде постои опасност од екслозија на муниција што се наоѓа во поранешно депо.
Во гаснењето, освен пожарникарски единици, вклучена е и армијата, но поради високите температури и ветерот гаснењето од копно е невозможно, па се бара гаснење и од воздух.
„На терен се 61 војник кои заедно со другите структури се обидуваат да ги неутрализираат пламените јазици. Теренот, високите температури и ветерот го отежнуваат тоа. Опасност е и недемонтираната муниција“, соопшти министерството за одбрана.
Претседателот Илир Мета реагираше во врска со состојбата со пожарите во земјата посебно на островот Сазан, каде може да дојде до катастрофа со несакани последици.
МИА