Борис Џонсон успеа да ја добие довербата – останува премиер

0
237

Борис Џонсон успеа да ја добие довербата на 211 од вкупно 359 пратеници на неговата Конзервативна партија, повеќе од неопходното просто мнозинство кое му беше потребно за да ја задржи власта, но и доволно за да ги покаже длабоките поделби во партијата. Со оглед на тоа што нема јасен противкандидат во партијата, набљудувачите прогнозираа дека Џонсон ќе го надмине предизвикот, објави DW.COM.

Сепак, бунтот во партијата е важен момент за него, затоа што јасно ги покажува поделбите кај Конзервативците, помалку од три години откако Џонсон ја предводеше партијата до победа на изборите. Разликата во победата на Џонсон е помала од онаа која ја имаше Тереза Меј на слично гласање во 2018 година. Шест месеци подоцна таа си поднесе оставка.

извор:DW.COM

фото: Архива