Норвешката принцеза ја објави свршувачката со американскиот шаман

0
459

Норвешкото кралско семејство денес ја објави свршувачката на принцезата Марта Луиз и нејзиното американско момче Дурек Верет, самонаречен шаман, јавува Агенција Анадолија (АА).

Марта Луиз (50), единствената ќерка на кралот Харалд V и кралицата Соња, е четврта во редот на наследството по нејзиниот брат престолонаследникот Хакон и неговите две деца.

„Неговото Височество Кралот и Нејзиното Височество Кралицата упатуваат најискрени честитки и им посакуваат сè најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Кралската куќа на Норвешка.

Марта Луиз има три ќерки од првиот брак со норвешкиот писател Ари Бен, кој почина откако се самоуби на Божиќ 2019 година.

Двојката се венчаше во 2002 година, а се разведе во 2017 година.

Марта Луиз ја потврди врската со Верет, познат и како Шаман Дурек, во мај 2019 година.

Нивната врска предизвика контроверзии во Норвешка, особено поради природата на професијата на Верет.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).