Јавноста можеше да го види сторителот на дело. Доколку тие имаат чиста совест, чист образ и достоинство, ќе седеа таму, ќе ги кажеа своите аргументи, ќе кажеа што преземале, ќе ги повикаа надлежните и ќе се спротивставеа на аргументите на опозицијата, но тие дезертираа- изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција.
„Исто како што дезертираа многу пати во минатото како и на 11ти Ноември дезертираа. Избегаа од парламентот наместо да се соочат со нивните колеги и да аргументираат зошто оваа Влада треба да остане или не треба да остане. Како што дезертираат кога го блокираат законот од Светска банка за задолжувањето за 63 милиони евра за нов асфалт за вас граѓаните, нови водоводи, нова канализација, за реновирани градинки, за реновирани училишта и тука дезертираат и тука блокираат“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ова не им е ова прв пат и дека вчера како последни кукавици избегаа. Тоа според Мицкоски е уште еден аргумент повеќе зошто тие треба да заминат и зошто треба народ да им се случи.
извор: ВМРО ДПМНЕ