По предавањето на Актот за канонско единство, утре заедничка богослужба на патријархот Вартоломеј и архиепископт Стефан

Откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, а вчера наша црковна делегација молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх, утре во патријаршискиот храм во Фанар поглаварите на двете цркви ќе одржат заедничка Патријаршиска и синодална света литургија.

 

МИА