Нашата реалност – тажна објава на просветен работник: Детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво…

0
427

Беспарицата станува се поголем проблем, особено за родители со ниски примања, кои децата ги испраќаат во училиште со многу малку храна, па дури и суво лепче.

Со ваква непријатна ситуација со соочи една наша учителка која своето искуство го сподели со јавноста, преку свој пост на Фејсбук. Таа директно прашува зошто нема училишниот оброк за сите деца во македонското образование и зошто здравјето на децата не е на прво место во земајва.

– Голем одмор…Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го ….”. Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво… Оффф ГОСПОДЕ

немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели …. Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата… Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели”

Во моментот милион емоции ме облија, душата ме боли, срцето ми се скрши. Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации? Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. БОЛНО, многу болно.

Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!

Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства…

извор: ФБ