Папата не се чувствува добро, се извини што ја откажа посетата на Африка: „Ве молам простете ми“

0
294

Папата Франциск денеска му се извини на народот на Демократска Република Конго и Јужен Судан, бидејќи мораше да ја откаже посетата на тие земји поради проблеми со одењето и изрази надеж дека неговата состојба ќе се подобри.

Ватикан во четвртокот соопшти дека патувањето планирано за 2 до 7 јули е одложено на неодредено време поради проблемот со коленото на папата, поради што тој користи инвалидска количка повеќе од еден месец.

– Многу ми е жал што морав да го одложам ова патување, кое сè уште сакам да го реализирам, рече папата Франциск во своето неделно обраќање пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар.

– Ве молам простете ми за ова. Да се молиме заедно со Божја помош и со лекување да дојдам кај вас што е можно поскоро. Да се надеваме, рече тој, директно обраќајќи им се на граѓаните и властите на двете земји.

Ватикан во четвртокот соопшти дека патувањето е одложено за да не бидат загрозени резултатите од терапијата.

фото: Архива