Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул се состана со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Ковачевски се состанаа во претседателската канцеларија во Долмабахче во Истанбул.
Откако на фоторепортерите им беше дозволено да го сликаат почетокот на состанокот, разговорот продолжи зад затворени врати.
На состанокот присуствуваа и министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и министерот за трговија, Мехмет Муш.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).